Table of Contents
Кога ќе се спомне „траума од детството“, често помислуваме на нешто драматично. Но вистината е дека најдлабоките рани понекогаш не доаѓаат од големи настани, туку од секојдневни, повторувачки однесувања во домот – особено од страна на родителите.
Според канадската терапевтка Морган Помелс, специјализирана за детска траума, постојат одредени родителски постапки што тивко и незабележливо создаваат долгорочни емоционални последици кај децата. Тоа се однесувања што се случуваат „од љубов“ или во афект – но оставаат трага.
Еве кои се најчестите:
Викање веднаш штом ќе влезете дома
Ако детето секој ден ве пречекува со страв наместо со радост, тоа се претвора во хронична анксиозност. Почетокот на денот дома треба да биде безбеден простор – не минско поле.
Игнорирање и молчење кога сте лути
Кога вие не зборувате за своите чувства, детето учи да ги потиснува своите. Вашето молчење не ја смирува ситуацијата – ја замрзнува врската.
Брутално будење со викање или гласови
Викањето уште од првите секунди на денот активира одбранбени механизми кај детето – „бегај или бори се“ – што е штетно за развојот на нервниот систем.
Јасно фаворизирање едно дете над друго
Дури и ако постои „омилено дете“ (а науката вели дека често постои), тоа не смее да се гледа. Видливото фаворизирање создава несигурност, љубомора и долгорочна болка кај другите деца.
„Јас сум најлошиот родител“ – кога се чувствувате виновно
Оваа реченица ги тера децата да се чувствуваат виновни за вашите чувства. Иронично, со желба да покажете грижа, ја префрлате тежината на нивниот грб.
Одбивање да се извините
Поврзани објави
Да се биде родител не значи дека сте безгрешни. Кога згрешите, извинете се. Детето учи дека грешките се нормални – и поправливи.
Очекување сите да молчат кога сте лошо расположени
Домот не смее да се претвори во зона каде сите одат на прсти за да не ве „испровоцираат“. Тоа ги прави децата премногу чувствителни на туѓи емоции – и премалку сигурни во своите.
Не заштитувате од друг родител кога треба
Ако другиот родител се однесува токсично, детето треба да знае дека вие ќе застанете на негова страна. Молчеливото премолчување е форма на предавство.
Барање емоционална поддршка од дете
Често се случува кај самохрани родители, но и во токсични бракови. Детето не треба да биде ваш партнер, советник или емоционална потпора – тоа треба да биде дете.
„Животот не е фер“ – како оправдание за неправеден третман
Да, животот знае да биде тежок. Но, детето ќе го доживее светот преку вас. Наместо да го учите на суровост, научете го на праведност, граници и емпатија.
Ги гледате децата како ваше продолжение
Тие можеби се дел од вас, но се индивидуални личности. Не се родени да ги исполнат вашите соништа или да ве направат „успешни родители“. Тие имаат свој пат.
„Биди благодарен што те хранам!“
Храната, грижата и љубовта не се трошоци – тие се основа на родителството. Децата немаат обврска да ви се заблагодаруваат што сте ја презеле улогата што доброволно сте ја прифатиле.
Траумите не мора да настанат од физичко насилство или злоупотреба. Често се раѓаат во секојдневието, зад добронамерни реченици и несвесни реакции.
Но добрата вест е – можеме да ги смениме. Почнувајќи од денес.