Почетна Убавина и здравјеМу се вовлекла во креветот на американскиот претседател и го шокирала светот – Убавина и здравје

Му се вовлекла во креветот на американскиот претседател и го шокирала светот – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многумина се прашуваат каде е денес и како изгледа најпознатата љубовница на светот

Пред помалку од 30 години, Моника Левински се нашла во центарот на скандалите откако било откриено дека му е љубовница на тогашниот американски претседател Бил Клинтон. Во тоа време, таа имала 22 години, а тој 49.

Аферата била откриена откако поранешна американска службеничка тајно ја снимала исповедта на Моника за љубовната афера со Клинтон. Нејзиното откритие предизвикало скандал од светски размери, особено откако во јавноста испливал нејзиниот син фустан со докази за вмешаноста на претседателот.

Бил тогаш на сите начини се обидувал да се огради од сето тоа, додека Моника била ставена на столбот на срамот.

„Немав сексуални односи со таа жена“, рекол своевремено американскиот претседател, а таа реченица ќе остане запаметена како една од најпознатите изјави за време на неговиот мандат.

И една од најголемите лаги, бидејќи Левински подоцна признала дека имале орален секс.

Да се потсетиме, Моника Левински дошла во Белата куќа откако завршила психологија во 1995 година. Тогаш, на само 20 години, го запознала американскиот претседател со кого започнала краткотрајна афера. Како што подоцна признала, не ѝ требало многу за да се вљуби во својот шеф, а ја завеле неговата моќ и сила, но и слаткоречивоста со која ја освоил.

Меѓутоа, по овој скандал следел мачен период за Моника. Нејзиното ментално здравје било разнишано, а како што признала подоцна, размислувала и за самоубиство.

Луѓето ѝ дофрлувале на улица, ја нарекувале со погрдни имиња како „дебела љубовница“, „к**ва“, „прасица“, но најмногу ја погодувало тоа што ја опишувале како жена која не е добар избор за женидба, гровтале по неа и слично. Подоцна Моника добила и понуда од една компанија да ослаби за милион долари.

Со текот на времето, луѓето го заборавиле овој скандал, а Моника собрала сила да продолжи понатаму како ништо да не се случило.

Со помош на поддршката од семејството, Моника успеала да се издигне од пепелта на својот срушен живот. Продолжила со образованието и во 2006 година дипломирала социјална психологија во Лондон. Во меѓувреме, се испробала во модата, медиумите и во различни проекти, станувајќи сè посилна и поотпорна.

Денес, Моника има 51 година и живее на Менхетен. Работи во хуманитарна организација и се посветила на пишувањето, продукцијата и активизмот. Станала гласен борец против насилството на Интернет, особено против вербалното и психичкото злоупотребување.

Бракот на Клинтон бил на „стаклени нозе“

Хилари Клинтон во својот документарец отворено зборувала за својата болка и за шокот кога дознала за аферата.

„Бев ужасно повредена и не можев да поверувам дека ме лаже. Му кажав дека ако тоа стане јавно, ќе мора да ѝ каже на нашата ќерка Челси“.

И покрај сè, Хилари одлучила да остане покрај сопругот, иако знаела дека таквата одлука ќе предизвика различни реакции.

„Некои луѓе мислеа дека постапив правилно, други сметаа дека згрешив“, изјавила таа.

ФОТО: Инстаграм