Пени Ланкастер има 53 години и ниту еден комплекс – таа облекла минијатурно бикини што го покажало сето нејзино тело
Род Стјуарт и Пени Ланкастер важат за едни од најсложните сопружници во шоу-бизнисот. Освен што таа е најмалку една глава повисока од него и 26 години помлада, тие имаат хармоничен брак.
Деновиве уживаат на одмор во Сардинија на нивната јахта, а друштво им прават децата Шон, Руби, Кимберли, Алстар и Ејден.
Поранешната 53-годишна манекенка го искористила моментот за да ужива на јахтата вредна 60 милиони евра, додека се сончала во минијатурно бикини
Инаку, Пени и Род имаат два заеднички сина, додека музичарот има уште пет деца од претходните врски.
Љубовната приказна на Пени и Род
Двојката се запознала во 1999 година во хотел во Дорчестер. Музичарот бил излезен со пријателите и веднаш ја забележал Пени. Тогаш 28-годишната Пени му пришла, а како што самата открила, го направила тоа бидејќи нејзините пријатели ја предизвикале.
„Ми кажаа дека морам да му побарам автограм“, раскажала Пени.
Поврзани објави
Кога Род дознал дека таа студира фотографија, ја замолил да го фотографира неговиот концерт. Ланкастер се појавила, но не успеале да се видат, па му го дала својот број на басистот на Стјуарт, кој требал да му го проследи. Но тој го задржал бројот кај себе шест месеца, бидејќи сметал дека пејачот не бил подготвен за нова врска, со оглед на тоа што се развел од сопругата Рејчел Хантер.
Кога Род конечно го добил бројот, ѝ се јавил на Пени во врска со фотографиите од концертот. Тогаш таа му открила дека е свршена за маж со кого била во долгогодишна врска.
И покрај тоа што пејачот ѝ кажал дека не сака веќе никогаш да се ожени и да има уште деца, Ланкастер ја раскинала својата претходна врска за да биде со него. Романтичниот Стјуарт во 2005 година ги одвел неа и нејзините родители во Париз, и таму ги прашал дали смее да се ожени со нивната ќерка.
Тие се согласиле и тој ја запросил на Ајфеловата кула. Интересно е што дури во 2006 година го прекинал својот брак со поранешната сопруга Рејчел, а наредната година се венчал со Пени.
Род има два развода зад себе и покрај двата сина со Ланкастер, има уште пет деца и неговата најстара ќерка Сара Стритер е седум години постара од неговата сегашна сопруга.