Почетна ТехнологијаМУЦУНСКИ ОЧЕКУВА БРЗО ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА Мицкоски неделава ќе стане мандатар

МУЦУНСКИ ОЧЕКУВА БРЗО ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА Мицкоски неделава ќе стане мандатар

од nenad
1 минути читај за




Потпретсесателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денеска изјави дека новата влада ќе биде формирана согласно уставните рокови и оти се уште се во тек разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Негови очекувања се дека новата влада би можела да биде формирана малку порано од крајниот рок.
– Се уште се во тек разговорите. Како што знаете се уште мандатарот односно претседателот на ВМРО – ДПМНЕ се уште формално го нема земено мандатот, што значи течат уставните рокови. Тоа што би можел во овој момент да го кажам е дека согласно уставните рокови ќе биде формирана новата влада – изјави Муцунски.

   

Во однос на поделбата на ресорите, тој рече дека дискусијата кој претставник од ВМРО – ДПМНЕ каде ќе се најде е процес којшто прво секој од нив треба да го разговара со идниот премиер, но исто така процес којшто е предмет на дискусија на органите на политичката партија – централниот и извршниот одбор.
– Сметам дека е сосема неблагодарно од кого било да ја дискутира својата политичка иднина пред медиумите. Тоа е прашање со идниот премиер ќе го дискутираме – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој очекува новата влада да може да биде формирана малку порано од крајниот рок, но сепак, додаде Муцунски, тоа е дискусија помеѓу мандатарот и претседателот на државата иако верува дека тоа ќе се случи во текот на оваа недела.Се очекува претседателката Сиљановска Давкова во четврток да му го додели мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од кога ќе почне да тече дваеседневниот рок за формирање влада.