Почетна ЕкономијаМуцунски оствари средба со помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања , Џејмс О’Брајан

Муцунски оствари средба со помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања , Џејмс О’Брајан

од nenad
1 минути читај за




Средба со помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања , Џејмс О’Брајан.
Во рамки на престојот на САД остварив средба со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан. Продлабочување на стратешкото партнерство беше во фокусот на разговорот, а акцентот го ставивме на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата.

Истакнав дека САД се наш значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок. Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност. На средбата ја реафирмиравме потребата од забрзана интеграција на земјата во ЕУ, заедничките заложби за зајакнување на сојузништвото во НАТО и поддршката за Украина.