85
Генералот Мојсиловиќ се сретна со командата на воените и полициските сили во гарнизонот Рашка и разговараше за општата состојба на теренот.
Сите единици кои се наоѓаат во зоната на административната линија со Косово се подготвени, во зависност од натамошниот развој на ситуацијата, да ги извршат сите наредби во најкус можен рок.
Во меѓувреме различни извори наведуваат дека земјите од КВИНТ, неформална група за одлучување составена од САД и „Големата четворка“ (Франција, Велика Британија, Германија и Италија) и дале на Србија ултиматум да ги отстрани барикадите на Косово и Метохија во рок од 24 часа.