За пејачката Катарина Живковиќ 2024 година беше успешна и најубава досега, а во новогодишното интервју за Информер ги сумираше впечатоците и зборуваше за кариерата, но и за празниците.
Мојот син е исполнување на сите мои желби“, вели Катарина Живковиќ.
Пејачката го дочека крајот на годината на најдобар можен начин: со нов албум кој неодамна го објави, но и со наследник во рацете.
Како што истакна во празничното интервју, 2024 година засекогаш ќе ја памети!
Поврзани објави
Фала му на Бога, 2024 година засекогаш ќе биде напишана со црвени букви како најубава во мојот живот! Мојата најголема желба се исполни, станав мајка на ангел и дури тогаш разбрав што е вистинска, исконска љубов и среќа. Крајот на годината го одбележа објавувањето на мојот трет студиски албум и како шлаг на тортата го заокружи сето она на што работев напорно и посветено последните две години. Следната година нека биде барем половина убава од онаа што ја видовме и ќе бидам повеќе од задоволна“ – изјави Каќа која пред објавувањето на албумот, за време на бременоста, беше недостапна во медиумите.
Како што вели, паузата ја искористила за да се разгали и да ужива во својата блажена состојба.
Фото: printskrin Youtube/WTF Radio
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: