Општина Конче очигледно има намера да се натпреварува со најголемите светски метрополи, но не со инфракстуктура, дигитализација, гасификација, инвестиции, фабрики, облакодери и слично, туку со рекордни суми за автобуски постојки. Да, Општина Конче дала 470.844,90 ден за автобуска постојка. Договорот е склучен во април годинава, помеѓу Општина Конче и Друштво за производство,градежништво и трговија ТЕХНИКА ДООЕЛ Радовиш.

Договорот е потпишан од страна на градоначалникот на Конче, Златко Ристов.



Постојката поскапа од постојка во московското метро, па логично се очекува да биде некое уметничко дело, дигитализирана, климатизирана и што уште не, но не е баш така. Се работи за обична метална конструкција каде можат да седнат тројца до четворица луѓе…

Има се, може се… Вака се г(к)ради со народни пари…