Во тек е потрага по тројца исчезнати членови на екипажот откога танкер со нафта регистриран во Габон се запали крај брегот на јужна Малезија, соопштија малезиските поморски власти.
Малезиската поморска управа (MMEA) соопшти дека пријавата за запален танкер ја добила во денеска во 16 часот по локално време, на речиси 37,5 наутички милји североисточно од крајбрежниот регион Танјунг Седили во државата Џохор.
Танкерот пловел од Кина кон Сингапур со 28 члена на екипажот кога се запалил, објави MMEA.
Поморски патролен чамец бил испратен на местото на настанот за да ги спаси оние што биле во него, додаваат тие. 23 члена на екипажот биле спасени од два брода, кои биле во близина, а патролата спасила уште два члена.
Тројца членови на екипажот се исчезнати. Не се знае дали скокнале во морето или останале некаде на танкерот.
На првите фотографии се гледа како танкерот гори, а големи облаци од црн чад се издигнуваат во воздухот. Во близина биле забележани и други бродови.
Засега, јавува Си-ен-ен, не е јасно дали имало загадување.