Почетна Убавина и здравје„Моите деца сами престанаа да гледаат ТикТок – беа под стрес и имаа кошмари“ – Убавина и здравје

„Моите деца сами престанаа да гледаат ТикТок – беа под стрес и имаа кошмари“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката раскажа како нејзините синови сами донеле одлука да се откажат од социјалната мрежа

Популарната пејачка Тања Савиќ во искрено интервју откри дека нејзините деца сами престанале да користат ТикТок, откако забележале дека содржината што ја гледале негативно влијае врз нив. Таа призна дека на почетокот не била свесна дека гледаат видеа на оваа платформа, но со текот на времето тие самите сфатиле дека тоа им создава проблеми.

Моите деца сами престанаа да гледаат ТикТок, сега дури и немаат профил. Забележав дека не можеа да спијат, беа под стрес, имаа кошмари… и на крајот сами се одвикнаа. Почнаа да гледаат без мое знаење, но потоа сфатија дека тоа не им одговара“, раскажа Тања.


Поврзани објави

Таа додаде дека е горда на нивната одлука, бидејќи денес е реткост децата сами да одлучат да се дистанцираат од социјалните мрежи. Тања истакна дека е загрижена за влијанието на Интернетот врз младите и дека родителите треба да бидат внимателни што следат нивните деца.

Оваа искрена исповед наиде на бројни позитивни реакции од родителите, кои се согласија дека дигиталната ера носи многу предизвици. Тања со својот пример потсети колку е важно да се биде свесен за последиците што социјалните мрежи можат да ги имаат врз психичкото здравје на децата.

Фото: printskrin Youtube/ Blic