Давор Панчевски приготви крофнички на поинаков начин и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи
Оваа есен пригответе крофни на поинаков начин – во форма на тиква. Меки, полни со крем од ванила и џем од вишна. Нема шанси да изедете само една! Рецептот е на Давор Панчевски кој своите уникатни специјалитети редовно ги споделува на инстаграм-профилот daveskitchenofficial.
Состојки:
- 500 г брашно
- 7 г сув квасец
- 200 мл млако млеко
- 2 јајца
- 70 г шеќер
- 60 г растопен путер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- ½ лажичка сол
- масло за пржење
- 500 мл млеко
- 1 пудинг со вкус на ванила
- 70 г шеќер
Приготвување:
Замесете тесто и оставете го да стаса 60-90 минути на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и формирајте топчиња.
Поврзани објави
Со помош на конец врзете го секое топче внимателно за да формирате облик на тиква како на видеото подолу. Оставете да стасаат повторно 20-30 минути и пржете ги во врело масло околу 3-4 минути од секоја страна.
Сварете го пудингот со шеќерот и млекото и оставете да се излади. Наполнете ги крофните со пудингот и џем од вишна и превалкајте ги во шеќер измешан со цимет и ванилин шеќер.
Погледнете го целиот рецепт во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ