Table of Contents
Овие здрави колачи ќе ве освежат и ќе ве воодушеват со својот вкус
Ако сте љубители на слатко, но не сакате да вклучувате рерна, сировите колачи се совршениот избор. Се приготвуваат без печење, најчесто од јаткасти плодови, урми, кокос и свежо овошје, а резултатот е кремлив, вкусен и освежителен десерт.
Сиров чоколаден колач со лешник
Состојки:
За кората:
- 150 г сирови лешници
- 150 г урми без семка
- 2 лажици какао
- 1 лажица кокосов масло
- прстофат сол
За филот:
- 200 г индиски ореви, претходно потопени 4-6 часа
- 3 лажици какао
- 4 лажици јаворов сируп или мед
- 80 мл кокосово млеко
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажиче екстракт од ванила
Приготвување:
1. Иситнете ги лешниците во блендер, додајте урми, какао, кокосово масло и сол, па блендирајте додека добиете леплива смеса.
2. Втиснете ја смесата во калап обложен со хартија за печење.
3. Во блендер ставете ги исцедените индиски ореви, оревите, какаото, јаворовиот сируп, кокосовото млеко, маслото и ванилата.
4. Матете додека добиете целосно мазен и кремлив фил.
5. Премачкајте го преку кората и оставете го во замрзнувач најмалку 3 часа.
6. Извадете го 15-20 минути пред послужување и посипете го со сечкани лешници.
Сиров колач од кокос и лимон
Состојки:
За кората:
- 150 г бадеми
- 120 г урми
- 50 г кокос
- рендана кора од 1 лимон
За филот:
- 200 г индиски ореви, потопени 4-6 часа
- 80 мл лимонов сок
- рендана кора од 1 лимон
- 3 лажици мед или јаворов сируп
- 3 лажици кокосово масло
- 80 мл кокосово млеко
Приготвување:
1. Бадемите, урмите, кокосот и кората од лимон ставете ги во блендер и иситнете ги.
2. Втиснете ја смесата во мал калап.
Поврзани објави
3. За филот, изматете исцедени индиски ореви, лимонов сок и кора, засладувач, кокосово масло и кокосово млеко.
4. Матете неколку минути, додека смесата стане целосно хомогена.
5. Сипете ја преку кората и израмнете.
6. Ставете во замрзнувач 3-4 часа.
7. Украсете со тенки кругови лимон и кокос.
8. Колачот е особено вкусен кога ќе се извади од замрзнувач 20-тина минути пред послужување, бидејќи тогаш филот станува кремлив како сладолед.
Сиров колач со јагода и ванила
Состојки:
За кората:
- 150 г ореви
- 120 г урми
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица какао
За белиот фил:
- 200 г индиски ореви, потопени
- 100 мл кокосово млеко
- 3 лажици мед или јаворов сируп
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажиче ванила
За овошниот слој:
- 200 г свежи јагоди
- 1 лажица лимонов сок
- 2 лажици чиа-семки
- 1 лажица мед
Приготвување:
1. Оревите, урмите, кокосовото масло и какаото иситнете ги во блендер.
2. Добиената смеса втиснете ја во калап и ставете ја во фрижидер.
3. Индиските ореви, кокосовото млеко, медот, кокосовото масло и ванилата блендирајте ги додека добиете свиленкав крем.
4. Премачкајте го белиот фил преку кората и вратете во фрижидер.
5. Јагодите згмечете ги со виљушка или кратко изматете ги, па измешајте ги со лимонов сок, чиа-семе и мед.
6. Оставете го овошниот слој 10-15 минути да се згусне малку.
7. Распоредете го преку белиот фил и ставете го колачот во замрзнувач најмалку 3 часа.
8. Пред послужување, украсете го колачот со свежи јагоди, ливчиња бадем и малку рендан кокос.
ФОТО: Magnific