Почетна Убавина и здравјеМодното дуо Љупка и Горан Митров направи спектакл кој ја обележа годината – Триумфално отворање на MITROFF

Модното дуо Љупка и Горан Митров направи спектакл кој ја обележа годината – Триумфално отворање на MITROFF

од nenad
1 минути читај за



Со стил и емоции, модниот бренд MITROFF, основан од Горан Митров и Љупка Митрова, вчеравечер организира незаборавен настан, кој засекогаш ќе остане запаметен во модната историја на Македонија.

Во гламурозен амбиент од магичниот ентериер и под светлата на рефлекторите, MITROFF ги претстави своите модни колекции – креации кои го отелотворуваат софистицираниот стил и безвременската елеганција.

Настанот ги собра на едно место најголемите модни ентузијасти од цела Македонија, во духот на чиста уметност и естетика.

Магијата на вечерта дополнително ја обои извонредниот настап на Викторија Лоба, чиј глас ги освои срцата на публиката, заедно со Љубомир Митровски, додека вештото водство на харизматичната Миа Костова ја одржуваше атмосферата на високо ниво.

MITROFF, изграден на соништата и визијата на Љупка Митрова и Горан Митров, е повеќе од моден бренд – тој е симбол на префинетост и модна револуција.


Поврзани објави

Со извонреден број на посетители и аплаузи кои не стивнаа, MITROFF уверено се постави како предводник на идните модни трендови во Македонија и пошироко.

Секој момент, секоја модна приказна, беше оживеана со страст и посветеност, создавајќи настан што инспирира и ќе се прераскажува долго време.

Текст и фото: ПР