До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е испратено соопштение дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, еден македонски граѓанин, роден во 1986 година во Кочани, го загубил својот живот.
Според податоците од словенечката полиција, роднините на починатиот се веќе информирани, а случајот го истражува Одделот за криминалистичка полиција, известува Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
„Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката“, соопшти МНР.