Почетна Убавина и здравјеМногу новитети и ексклузивни гости! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Многу новитети и ексклузивни гости! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На задоволство на гледачите, Канал 5 телевизија ве известува дека се наближува почетокот на новата, петта сезона на една од најгледаните забавни емисии – „Голден Карпет“! На 22-ри септември, недела, точно во 19:30 часот, подгответе се за одлична вечер полна со новитети, ексклузивни гости и нови возбудливи рубрики.

Новите рубрики ќе донесат уште повеќе забава и динамика, но она што останува непроменето е истата позитивна енергија која ја шири тимот на „Голден Карпет“.

Миро Кацаров останува вашиот добро познат домаќин, а покрај него ќе блескаат и Моника Црнокрак и Ева Јовановска, кои додаваат посебен шарм на емисијата.


Поврзани објави

Новата сезона ветува ексклузивни разговори, интересни предизвици и игри, со некои од највлијателните личности од Македонија и регионот.

Не го пропуштајте стартот на петтата сезона на „Голден Карпет“ – 22-ри септември, во 19:30 часот, само на Канал 5!

Видео: Инстаграм