Почетна БалканМлада скопјанка лажела дека била претепана од тетовец и држена во неговиот дом

Млада скопјанка лажела дека била претепана од тетовец и држена во неговиот дом

од nenad
1 минути читај за
Млада скопјанка лажела дека била претепана од тетовец и држена во неговиот дом

Илустрација / freepik.com

На 19.01.2024 во 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје. Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Извор : Kurir.mk

Млада скопјанка лажела дека била претепана од тетовец и држена во неговиот дом