Премиерот Димитар Ковачевски вели дека непотизмот во државните фирми е каратеристика на сите земји во транзиција, ама „доаѓа време кога професионализмот ќе биде најважен, најклучен“.
Кое време доаѓа? Времето на ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години покажуваше што е професионализам без непотизам, со братучедот кој премиерот го имаше ставено за шеф на тајната полиција за сите да нѐ контролира, и со кумот за министер за финансии што му го менаџираше грабежот на народните пари. Доаѓа време кога за премиер се спрема лидер на партија што напредувал во професијата, така што му бил асистент на татко му на државен факултет.
Бидејќи на СДСМ им беа малку седум години на власт да расчистат со непотизмот и партиските вработувања во државните фирми, ќе дојде време на ВМРО, МВРО, со нивните професионалци и кадри без непотизам да продолжи таму каде што застана пред седум години.
Нека ни е на здравје ручекот.