Почетна Убавина и здравје„Ми го сврте животот наопаку!“ Родителите речиси 25 години криеле тајна од ќерката

„Ми го сврте животот наопаку!“ Родителите речиси 25 години криеле тајна од ќерката

од nenad
2 минути читај за

Ова анонимно признание за кратко време доби голем број коментари, а многу корисници целосно го поддржаа нејзиното сфаќање на ситуацијата.

Бизарна ситуација се случила пред неколку дена кога анонимна млада жена рекла дека родителите ја замолиле итно да се врати дома од кај пријателката.

Иако ѝ рекле дека се’ е во ред, таа потајно се плашела што би можел да донесе овој разговор. Таа вели дека првата помисла ѝ била дека ќе ја избркаат од дома, што и не многу далеку од вистината.

Побрзав дома и тие седнаа и ми рекоа дека тоа што ќе ми го кажат веројатно ќе биде збунувачки и многу емотивно. А потоа мајка ми рече: „Татко ти не е твојот биолошки татко“, напиша девојката на Редит.

Отпрвин мислела дека тоа е голема шега, па ја прашала мајка си: „Се шегуваш?“ Но, родителите не се откажале и тврделе дека се сериозни.

Поврзани објави

Разговаравме повеќе за тоа и мајка ми рече дека сакала да ми каже со години, но никогаш не почувствувала дека е вистинското време. Сакала да ми каже кога бев тинејџерка, но бев малтретирана на училиште, па се предомислила“, продолжи таа.

I’m 24 and I was just told that my dad isn’t my biological dad
byu/Frankie9899 inconfessions

Иако вели дека не ја „мрази“ мајка си затоа што досега го избегнувала овој разговор, признава дека се вознемирила што дури сега дознала за тоа. Сепак, како што вели, нема никаков интерес да го запознае својот биолошки татко.

Отсекогаш сум го гледала татко ми како татко, ме посвоил кога сум имала една година. Не сакам да запознаам некој што не’ напуштил мене и мајка ми. Не знам зошто го објавувам ова, претпоставувам дека имав потреба да кажам некому, иако воопшто не сум вознемирена, се чувствувам како да е голема шега или нешто слично, иако знам дека не е така“, заклучи таа.