Почетна ЕкономијаМицкоски: При крај на пролетта ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје, ќе пристигнат до крај на годинава

Мицкоски: При крај на пролетта ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје, ќе пристигнат до крај на годинава

од nenad
1 минути читај за

Министерството за транспорт, во партнерство со Светската банка, ќе обезбеди 40 нови моторни возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, соопшти денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Тој подвлече дека оваа инвестиција ќе го надмине еден од најзначајните долгогодишни проблеми во функционирањето на претпријатието – дотраената, неодржувана и истрошена машинска опрема, која значително го отежнувала одржувањето на јавната чистота во престолнината.

Според Мицкоски, ситуацијата била дополнително комплицирана и од преголемиот број вработени, како и од недоволната продуктивност на дел од персоналот.

„Со овие 40 камиони, сум убеден дека состојбата со хигиената во Скопје ќе се подобри во голема мера.“

„Како што најавивме и за време на кампањата, и како што потврди и самиот градоначалник, чистотата ни е врвен приоритет и овој процес е насочен во таа насока“, рече Мицкоски.

Тој информираше дека процесот на набавка се очекува да биде завршен до крајот на пролетта, а испораката на возилата да стартува до крајот на оваа година.

Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поисплатливо работење на „Комунална хигиена“ и видливо унапредување на чистотата во градот. „Сепак, 40 камиони за одвоз на отпадоци претставуваат значителен ресурс.“

„Не така одамна, во Битола, имавме презентација на друг проект, кој исто така е поддржан од меѓународни финансиски институции, вклучувајќи компонента на грант, а тоа е регионалната депонија во Новаци. Во рамки на тој проект се предвидува и набавка на камиони за одвоз на отпадоци за општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион.“

„Се она што било запоставено, недоизвршено, непромовирано, украдено или уништено, се трудиме да го ревитализираме и да го вратиме во функција. Ова не може да се случи преку ноќ. Ве молам за трпеливост“, порача премиерот Мицкоски.

фф/бак/Фото: Влада