Британскиот премиер, Риши Сунак, најави инвестиција на дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во одбраната на Обединетото Кралство поради “новите закани од Русија и Кина”. Министерството за одбрана ќе добие доделба на парите во следните две години за обновување и зголемување на залихите на муниција, модернизирање на основата на нуклеарните активности на Британија и финансирање на следната фаза од програмата за подморници AUCUS. Премиерот Сунак исто така изрази аспирација долгорочно да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5% од БДП. Согласно со владиното соопштение, Велика Британија одлучи да го обнови својот стратегиски преглед на одбраната за да одговори на новите геополитички закани, нелегалната инвазија на Русија врз Украина, економската принуда од Кина и зголемената конкуренција меѓу државите.
Русија и Кина изразуваа загриженост: Британија ќе го подобри својот одбранбен капацитет со најмалку пет милијарди фунти.
84