Почетна ЕкономијаМицкоски: Куповната моќ во Македонија е повисока од земјите во регионот

Мицкоски: Куповната моќ во Македонија е повисока од земјите во регионот

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите статистички податоци на Евростат, според него, ја прикажуваат реалната состојба со куповната моќ во Македонија и покажуваат дека земјата не се наоѓа на последното место во Европа.

Говорејќи по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, тој рече дека дел од јавноста и опозициските партии изминатите денови погрешно ги толкувале објавените податоци.

Според Мицкоски, Македонија има подобар резултат во споредба со сите земји од регионот, а пред неа се наоѓаат и неколку држави членки на Европската Унија.

„Официјалните бројки покажуваат поинаква слика од онаа што се обидуваше да се наметне во јавноста. Македонија не е на дното, туку има подобра позиција од повеќе држави во соседството, како и од дел од членките на Европската Унија“, изјави премиерот.

Тој оцени дека во последните неколку години е забележлив напредок во економските показатели, но потенцираше дека Владата нема намера да застане на тоа.

„Свесни сме дека граѓаните очекуваат уште подобар животен стандард. Затоа ќе продолжиме со економските политики и мерките што треба да донесат повисоки приходи и подобри услови за живот“, рече Мицкоски.

Воедно, тој упати критики кон опозицијата, оценувајќи дека наместо да ги прифати официјалните статистички податоци, продолжува со политички обвинувања. Како што истакна, Владата ќе остане насочена кон реализација на економските проекти и подобрување на состојбата во државата.