Почетна ЕкономијаМицкоски: Имаше обид за поткуп, нема да ја потпишам документацијата за продолжување на изградбата на пругата

Мицкоски: Имаше обид за поткуп, нема да ја потпишам документацијата за продолжување на изградбата на пругата

од nenad
1 минути читај за




Пред два месеци, министерот за транспорт Николоски посочи дека еден километар од пругата ќе чини 24 милиони евра, ќе поминува среде Крива Паланка и ќе треба да се уриваат куќи и да се иселуваат жители, покрај тоа што пругата ќе завршува во тунел. Тогаш Николоски побара да се реагира и обвинителството и да ја провери работата на Македонски железници – Инфраструктура.

Претходно, во извештај на Државниот завод за ревизија беше наведено дека според билатералниот договор меѓу Европската унија и Македонија, првично планираната сума за железницата била 340 милиони евра, но потоа е зголемена на 560 милиони евра. Проектот за пруга кон Бугарија надвижеа повеќе влади. И за две години од сега се навршуваат точно триесет години откако се започнати фазата 1 и фазата 2 од реализацијата на овој стратешки проект.