Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ја повика опозицијата да лобира заедно со владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик, а воедно на темата уставни измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.
Премиерот Мицкоски посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да можеме да ја одржиме Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на Францускиот предлог и ова е факт, а на сегашната влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања.
– Како влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како влада креираме стратегија за понатаму, рече премиерот Мицкоски.
Post Views: 34
Извор : vesnik-ilinden.com