Почетна ВестиМицкоски: Власта нè кодоши во Брисел. Избори час поскоро

Мицкоски: Власта нè кодоши во Брисел. Избори час поскоро

од nenad
2 минути читај за

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи Мицкоски, во чиј состав се и потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како што информираат од партијата, е во Брисел за да оствари неколку средби со високи претставници на ЕУ.

   

„Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер кој што е и претседател на Европската народна партија, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Главната цел овде во Брисел на делегацијата која што ја предводам е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ“рече Мицкоски.Тој нагласи дека главната цел на членовите на македонската влада кои одат во Брисел, е да ја кодошат опозицијата.

„Нашите членови на македонската влада, кога доаѓаат во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфортот на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да бараат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите“рече Мицкоски.

Втора работа што ја пренесуваме на состаноците, како што нагласи, е дека во Македонија треба да има избори час поскоро за да може притисокот, кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција, да биде ослободен.

    

„На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали коишто неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Влада која што ќе се бори за повеќе успеси за македонските граѓани, за повеќе пари за македонските граѓани, за подобар стандард, за повеќе инвестиции и реформи, за поквалитетно здравство и она кое што е најважно борба со криминалот и корупцијата“изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Брисел.