„Во своето интервју Али Ахмети зборуваше за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со Заев и Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето.На овие средби на лидерите во Клубот на пратениците, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби.А измените во Кривичниот законик првично беа побарани од страна на ВМРО пред уставните измени за договорот од Преспа.
Потоа Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање“, се истакнува во нивното соопштение.Потенцираат дека ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не ѝ се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да стане дел од европска Македонија.