Почетна СветМисајловски: Армијата останува столб на безбедност и стабилност на државата

Мисајловски: Армијата останува столб на безбедност и стабилност на државата

од nenad
1 минути читај за

Денеска присуствувавме на годишниот брифинг за борбената готовност на Армијата за 2025 година, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Брифингот беше посветен на разгледување на тековните состојби и активностите насочени кон јакнење на одбранбените капацитети и континуирана модернизација на Армијата. Посебен акцент беше ставен на значењето на постојаната набавка на современа опрема и вложувањата во човечкиот потенцијал како клучни за одржување на високото ниво на борбена готовност и за зајакнување на безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Армијата останува столб на безбедноста и стабилноста на државата, подготвена, модерна и посветена на заштита на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедната иднина на граѓаните, истакна Мисајловски.

Post Views: 14

Извор : vesnik-ilinden.com

Мисајловски: Армијата останува столб на безбедност и стабилност на државата