Министрите за одбрана на Јужна Кореја, САД и Јапонија ќе одржат трилатерален состанок во Токио на 28 јули, соопшти Министерството за одбрана, цитирано од новинската агенција Јонхап.
Јужнокорејскиот министер Шин Вон-сик, американскиот министер Лојд Остин и јапонскиот министер Минору Кихара ќе разговараат за прашањата за зајакнување на безбедносната соработка како одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.
Предвидени се и билатерални средби меѓу министрите на Јужна Кореја и САД, како и меѓу Јужна Кореја и Јапонија.
Министрите за одбрана последен пат се состанаа во јуни на годишниот безбедносен форум Шангри-Ла Дијалог во Сингапур, кога се согласија да ја зајакнат безбедносната соработка.
Тогаш министрите одлучија и да ја организираат првата трилатерална воена вежба која заврши на крајот на јуни. паг/Фото: ЕПА .
Извор: МИА