Почетна ЕкономијаМитева: Владата заштеди 516 милиони евра во Буџетот, завршувајќи три од осумте наследени арбитражни спорови

Митева: Владата заштеди 516 милиони евра во Буџетот, завршувајќи три од осумте наследени арбитражни спорови

од nenad
1 минути читај за

Владата, со одговорен и ефикасен пристап, успешно заврши три од осумте активни арбитражни постапки што ги презеде, во корист на Македонија. На тој начин е остварена финансиска заштеда во државниот буџет од 516 милиони евра, изјави денес владината претставничка за медиуми, Марија Митева.

Освен за добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово, со што беа заштедени 115 милиони евра, за кој Владата објави вчера, Митева на прес-конференција истакна дека се добиени и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони евра и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.

„Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба“, рече Митева.

Покрај осумте преземени арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет трговски спорови, Митева напомена дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште четири, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.

„Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со своите постапки ги доведе во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед“, заклучи Митева.