Почетна ТехнологијаМинистерот за финансии Бесими – единствениот политичар во Топ 50 највлијателни луѓе во регионот

Министерот за финансии Бесими – единствениот политичар во Топ 50 највлијателни луѓе во регионот

од nenad
1 минути читај за




Министерот за финансии Фатмир Бесими е единствениот политичар од државата кој се најде на листата Топ 50 највлијателни луѓе во регионот, според рангирањето на Блумберг Адриа.
Издавањето граѓански обврзници му ја донесе номинацијата да се најде на оваа листа. Во неговиот мандат, во два наврати министерството за финансии организираше аукции на двегодишни граѓански обврзници, на кои беа запишани над 40 милиони евра. Во неговиот мандат беа издадени и зелени обврзници, но и структурни обврзници со кои неколку општини ги намируваат достасаните обврски.