Почетна СветМинистерот за внатрешни работи Тошковски разговараше за решавање на проблемот со граничниот  премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Хоџа 

Министерот за внатрешни работи Тошковски разговараше за решавање на проблемот со граничниот  премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Хоџа 

од nenad
1 минути читај за

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка.

Разговаравме за чекорите за зајакнување на билатералните односи во областите од заеднички интерес, а особено за:

Спроведување на заедничка гранична контрола и олеснување на режимот на преминување на заедничкиот граничен премин Ќафасан, Рехабилитацијата и реконструкцијата на Блате/Спас и примената на „Едношалтерство“ и измена и довршување на договорот и инфраструктурни проекти за заеднички граничен премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со цел зголемување на бројот на корисници заради олеснување на жителите на Голо Брдо.

Извор : vesnik-ilinden.com

Министерот за внатрешни работи Тошковски разговараше за решавање на проблемот со граничниот  премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо со министерот за внатрешни работи на Албанија, Хоџа