Почетна БалканМинистерке, наместо да финансирате песнички за УЧК, реновирајте ја куќата каде што престојувала Мис Стон!

Министерке, наместо да финансирате песнички за УЧК, реновирајте ја куќата каде што престојувала Мис Стон!

од nenad
1 минути читај за
t

Се распаѓа споменот за Мис Стон во Ратево – куќата стара 300 години во која престојувале комитите на Сандански, кои во 1901 година ги имале во заложништво американската мисионерка Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка, објави во текот на вчерашниот ден ТВ24.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук ѝ порача на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Министерке, наместо да финансирате песнички за УЧК, реновирајте ја куќата каде што престојувала Мис Стон и претворете ја во музеј! Така ќе го зачуваме споменот за САНДАНСКИ кој прв ни кажа како се преговара со Американците.

#Македонска Култура – напиша Апасиев на Фејсбук.