Почетна ЕкономијаМинистерката Петровска ќе го посети Центарот за обука на вода во Охрид

Министерката Петровска ќе го посети Центарот за обука на вода во Охрид

од nenad
0 минути читај за

09/03/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска ќе го посети Центарот за обука на вода во Охрид.

Како што информираат од Министерството за одбрана, во Центарот за обука на вода во близина на Сидриштето „Билјанини извори“ ќе продолжат активностите за реконструкција на делот наменет за паркирање на воени и цивилни пловни објекти.

Дополнуваат дека во рамки на посетата која ќе започне во 11:30 часот, медиумите ќе имаат можност за изјава. ар/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА