Почетна МакедонијаМилионите што ЕУ ги намени за Русија и Белорусија, ги даде на Украина и Молдавија

Милионите што ЕУ ги намени за Русија и Белорусија, ги даде на Украина и Молдавија

од nenad
1 минути читај за




ЕУ префрли 135 милиони евра првично наменети за програми со Русија и Белорусија за зајакнување на соработката со Украина и Молдавија, се вели во соопштението објавено во средата попладне.

   

„Одлуката е резултат на бруталната војна на Русија против Украина“, изјави еврокомесарот за кохезија и реформи Елиса Фереира.

ЕУ, исто така, одлучи дека регионите во Финска, Естонија, Летонија и Полска кои требаше да учествуваат во програмите за соработка со Русија и Белорусија можат да учествуваат во други постоечки програми.