Вардар се врати во Првата лига, а го очекува екипирање и формирање на компетитивен ростер за настапот во елитното друштво каде ќе се игра повторно по две години. Во име на рекордниот првак на подготовките говореше претставникот на „Комити“, Миле Миленковски, кој информира за иднината и плановите на клубот.
„Знаеме какви се очекувањата на јавноста, но мора да бидеме резервирани со било што да кажеме и да се соочиме со реалноста. Вардар влезе во Првата лига благодарение на овие момци, но не сакаме да создаваме непотребни притисоци со императиви. Ќе гледаме со сите сили да го дадеме максимумот. Верувам дека со некои работи кои треба да се случат во следниот период, тоа се Советите на општините и на Градот, очекуваме ребаланс на буџетот, Градот Скопје ќе влезе со редовен буџет за 2024, значи во декември, а до тогаш очекуваме на 20 јули кога е закажана седница на Советот ребаланс на овој буџет. а би сакал да ја најавам и нашата акција Купи сезонски билет, која би била од голема помош за целата наша приказна. Вардар е клуб на народот, кога е тешко тука се секогаш „Комити“ и јавноста. Ова е можеби најтежок момент за клубот во историјата, но веруваме дека ќе успееме во целта и ќе го застанеме Вардар на здрави нозе“, изјави Миленковски.
„Црвено-црните“ во елитното друштво се вратија преку баражот во кој го надиграа Скопје.
Извор: gol.mk