Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, го импресионираше светот со невообичаен партнер…
Виктор Живојиновиќ неодамна сподели фотографии на Инстаграм каде што се гледа како подготвува оброк, додека папагалот Џоли мирно седи на неговата глава и го следи секој негов потег.
Познат по својата љубов кон кујната, Виктор често ја истакнува својата пасија за готвење – особено кога има семејни поводи, тогаш со задоволство ја презема улогата на главен готвач, како што покажа и овој пат.
Иако не е прецизирано што точно подготвуваше, јасно е дека и Џоли беше дел од атмосферата – му беше понудена храна, а папагалот веднаш се придружи на дегустацијата.
Поврзани објави
Ова не е првпат Виктор да блесне во кујната – претходно изгуби и 70 килограми со здрав режим на исхрана и оттогаш постојано ги споделува своите кулинарски вештини и инспирација.
printskrin Youtube-k1 televizija