Актерот и водител Милан Калиниќ доби отказ од телевизијата К1 каде работеше последните неколку години.
Милан Калиниќ бил информиран дека повеќе нема да биде член на телевизијата неколку дена пред да се случи инцидентот.
Од јануари актерот повеќе нема да води своја авторска емисија, пишува Телеграф.рс.
Да потсетиме, актерот и водител Милан Калиниќ, кој со години беше во центарот на скандалите, синоќа во семејниот стан во Нов Белград ја претепа својата девојка (40).
Поврзани објави
Калиниќ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за пристап и комуникација. Жената наводно рекла дека ја удрил во главата додека биле во нејзиниот стан во Нов Белград. Таа ја одбила помошта на лекарот од итната помош и на полицијата и рекла дека сама ќе оди кај својот лекар.
Фото: printskrin Youtube/K1 Televizija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: