Почетна ЕкономијаМеџити се оградува од избеганиот Гури: Беше во Огнените, но не е член на Демократско движење

Меџити се оградува од избеганиот Гури: Беше во Огнените, но не е член на Демократско движење

од nenad
2 минути читај за




Лидерот на партијата Демократско движење, Изет Меџити, во изјава за Либертас кажа дека избеганиот Исмет Гури не е член на партиските тела, туку само бил присутен на некои состаноци на Огнените.Гури, поранешен заменик директор на Управата за јавни приходи е осомничен за голема даночна измама. Иако му беше одредена мерка куќен притвор, од вчера е недостапен за органите на прогонот.

   

Според информациите од ОЈО, полицајци кои требало да го вратат во притвор во затворот Шутка, не го напле на адресата на која ја пријавил како место на живеење. По таквото известување Кривичниот суд за него распиша централна потерница.
Гури во јули беше осомничен и уапсен во акцијата на МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување. Прво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.

Гури е од Чаир и првостепено е осуден за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Кога беше уапсен веќе беше разрешен од директорската функција во УЈП и беше близок со групата која се оддели од ДУИ, а потоа и формираше партија на чело со Изет Меџити.

Пред да биде уапсен Гури веќе беше осуден на казна затвор од 3 години за изборни измами а за апсењето за злоупотреба на 850 илјади евра од позицијата заменик директор во УЈП тогаш таканаречите Огнени предводени од Меџити излегоа со коментар дека апсењето е заплашување и притисок врз групата која се отцепува од ДУИ кон Огнените.
Меџити тогаш апсењето на Исмет Гури во изјава за ТВ24 го нарече „дефокус и притисок“.

– Нема да навлегувам во предметот, но тајмингот е избран за дефокусирање и притисок. Веќе не можам да го препознаам ДУИ. Стана симбиоза на тоа што беше режимот на Груевски и Тачи. Со разрешувањата и диференцирањата мислат дека ќе внесат страв и дека никој нема да го искаже своето мислење, но тоа ќе им се врати како бумеранг, рече тогаш Меџити.
Партијата демократско движење е во опозицисса коалиција со Беса и Алтернатива