На новинарско прашање дали има информации околу најавите на ДУИ за протести за дестабилизација на државата, Меџити потенцира дека Албанците немаат ниту желба, ниту посакуваат да протестираат и да демонстрираат кога немаат политичка кауза. – Точно е дека им е тешко да се соочат со новата реалност после 20 години да бидат опозиција, но уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат, нова програма, нови идеи ако сакаат да се вратат некогаш како значаен фактор во општеството.
Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту посакуваат да протестираат, да демонстрираат кога немаат политичка кауза. Нивната кауза е да се спасат „Соравија“ и сите коруптивни зделки, така што тоа нема ништо заедничко со албанските интереси или пак со албанската кауза. Значи, што и да е, немаат никаква поддршка кај членството и кај Албанците. Секој што ќе мисли за нешто друго сигурно знаат дека тоа не оди во нивен прилог и ќе се соочат со последиците – рече Меџити.