Првиот човек во јавното здравство, Фатмир Меџити денеска истакна дека со сите проблематики постапил сериозно и потенцира дека уште од првиот ден откако стапил на функцијата, не може со него како министер и неговата екипа да не се градат болници и здравствени установи по 15 или 30 годиниТоа нема да се случи со мене. Додека јас сум министер, се што зависи од мене, ќе добие на динамика. За Штипската болница е активирана банкарска гарранција на 6 милиони евра и така ќе постапам со сите здравствени институции. Нема да дозволам повеќе да се случат вакви компликации, кажа Меџити на прес-конференција со медиумите. Министерот порача дека него како лекар, најголема мака му била внатрешната организираност на Клиниките.