Почетна ТехнологијаМеѓупартиската парламентарна група против корупцијата значајна алатка во заложбите за сузбивање на корупцијата

Меѓупартиската парламентарна група против корупцијата значајна алатка во заложбите за сузбивање на корупцијата

од nenad
1 минути читај за




Во Собранието денеска се одржа конститутивен состанок на неформалната Меѓупартиска парламентарна група против корупција, на кој за копретседавачи на истата едногласно беа избрани пратениците Љупчо Пренџов и Соња Мираковска. Пренџов информира дека досега во Групата се приклучени 53 пратеници, кои преку неа ќе дадат придонес за општество со многу помалку корупција, која е рак рана и постои од најниско до највисоко ниво.

Мираковска нагласи дека корупцијата во општеството има тенденција да го загрози правниот поредок, животот и благосостојбата на граѓаните. Таа нема припадност, нема боја, лесно се прилагодува и калеми на моќта, и е навлезена во многу сфери, нарушувајќи ја на тој начин довербата на граѓаните во целиот државен апарат. Собранието мора да има проактивна улога во борбата против корупцијата и оваа Група се очекува да биде значајна алатка во заложбите за сузбивање на корупцијата.

Групата ќе се фокусира на подобрување на законските решенија во области каде постои ризик од корупција, ќе ја следи ефикасноста на институциите задолжени за борба против корупцијата и ќе предлага и учествува во надзор над институциите со цел да се зголеми нивната транспарентност и отчетност. Се очекува вклучување и поддршка од граѓанскиот сектор и институциите задолжени за борба против корупцијата, за заеднички да се реализира овој процес.

Беше изразена багодарност до Националниот демократски институт (НДИ) за учеството во формирањето на оваа Група. Притоа, како претставничка од НДИ, Лидија Зафировска истакна дека меѓупарламентарната соработка, градењето консензус на едно вакво сложено прашање, може да се одговори само со заеднички сили. Формирањето на Меѓупартиската парламентарна група против корупцијата е испишување на уште една успешна приказна во Собранието.

21.10.2024