Почетна Убавина и здравјеМечтаете за венчавка на некоја необична дестинација? Ви претставуваме 5 интересни и оригинални предлози…

Мечтаете за венчавка на некоја необична дестинација? Ви претставуваме 5 интересни и оригинални предлози…

од nenad
1 минути читај за



Дали знаете дека пред 1840 година, невестите се мажеле во фустани во различни бои. Во тоа време белата боја се сметала за боја на жалост, но по храбриот потег на кралицата Викторија, трендот на бели венчаници станал прифатен низ целиот свет!

Кажете ДА во…

… Индија

Свет чин во света земја

Веројатно никогаш не сте помислиле дека можете да се заколнете на вечна љубов на една од шесте раџастански тврдини, но ние сметаме дека нема подобро место за овој свет чин од светата земја Индија.

… Италија

Најубави планини

Совршената глетка на Доломитите и неверојатната боја на небото, која се менува повеќепати во текот на денот, го прават ова место идеална заднина за вашите венчални фотографии.

… Амалфи

Град на карпи


Поврзани објави

На северниот брег на Амалфи се протегаат колоритни градови. Чекорејќи по славната „Патека на боговите“, која води од Позитано до Праијано, можете да зачекорите во брак и да се заколнете на вечна љубов!

… Франција

Во подножјето на масивот

Фасцинантната природа и популарниот воз што ќе ве однесе до неверојатни предели се доволна причина да изговорите „да“ токму тука, во подножјето на Мон Блан.

… Бразил

Вистинска егзотика

Боси нозе, цвет во коса, мек песок што чкрипи под нозете, најубаво зајдисонце, вистинската личност покрај вас… Звучи доволно добро за токму тука да стапнете на лудиот камен?

Текст: Тамара Богунова

Фото: Pexels: Jeremy Wong