48
Сите обожаваат шницли со пире од компири – еве како да приготвите совршено месо
Состојки:
- 1 кг свински шницли
- 1 поголема главица кромид или 2 помали
- 1-2 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- сенф
- масло
- сол
- бибер
- сув зачин
- 100 мл пиво или бело вино
- 400 мл вода
Поврзани објави
Приготвување:
Посолете го месото и ставете го во брашно. Во подлабоко тавче испржете ги шницлите на масло, па извадете ги и ставете ги на страна. Во маслото продинстајте кромид, додајте лук, потоа додајте ги зачините и сенфот, па пивото и водата. Вратете ги шницлите во таа смеса, поклопете и динстајте околу еден час.
ФОТО: Piet Althoff / Unsplash