Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека очекува Русија да го прекине конфликтот против Украина единствено кога ќе стане неспособна да го води, поради економски и воени причини, бидејќи дипломатските иницијативи во изминатите недели се покажаа како неуспешни.
“Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон населението на Украина,” рече Мерц на регионалниот собир на неговата Христијанско-демократска унија во германската федерална покраина Северна Рајна-Вестфалија, како што пренесоа британските медиуми.
Претходно денес, командантот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, соопшти дека руските сили спроведуваат постојана офанзива речиси по целата линија на фронтот во Украина и дека поседуваат “стратешка иницијатива”.
Дополнително, Русија од ова лето ги интензивираше воздушните удари врз украинските градови и населби, кои се наоѓаат далеку од линијата на фронтот.