По разводот, модната дизајнерка се пресели во Монте Карло и отвори продажен салон со елегантни креации.
Мелина Џиновиќ има ново момче милионер, кое е постаро од неа, а ги поврза позната Србинка. Според пишувањата се работи за пејачка која им е заеднички познаник, а меѓу музичките кругови котира доста високо како угледно име. Засега нејзиниот идентите не се открива.
По разводот од Харис Џиновиќ, Мелина се посвети на својот моден бизнис и го прошири својот бренд во Монте Карло. Таму отвори ексклузивен бутик со нејзините креации, каде доминираат елегантни и луксузни фустани.
Нејзината ќерка Џина активно ја поддржува мајка си во бизнисот – често на социјалните мрежи може да се видат фотографии на Џина како носи модели од „Hamel“ и промовира нови колекции.
Мелина Џиновиќ со својот бренд „Hamel“ е веќе добро позната во светските модни кругови, а ѕвезди како Џенифер Лопез, Парис Хилтон и Софија Вергара носат нејзини креации. Отворањето на бутикот во Монте Карло е значаен чекор во нејзината кариера и ја подигна позицијата на брендот на ново, повисоко ниво.
Со поддршката од ќерката Џина, модниот бизнис на семејството Џиновиќ добива нова димензија и ветува уште поголем успех. Новиот љубовен живот на Мелина, како и нејзиниот бизнис успех, покажуваат дека таа во целост продолжува напред и блеска во нова фаза од животот.
printskrin Youtube-k1 televizija melina dzinovic