Table of Contents
Од што почина Саша Поповиќ?
Саша Поповиќ почина вчера, на 70 години, по кратката и тешка болест, соопшти „Гранд продукција“. Последните неколку месеци се лекувал од рак во позната клиника во Париз. Ви го пренесуваме во целост соопштението на „Гранд“ за јавноста по повод смртта на Саша Поповиќ:
„Со неописива тага ја известуваме јавноста дека денес, по кратката и тешка болест, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на ‘Гранд продукција’.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Низ децениите беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи ги звукот и духот на една ера.
Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно преку песните, уметниците, емисиите и сѐ друго што создаде. Наследството што го остави е неизмерно и го обележа времето во кое живееше.
Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја пронаоѓаше во кругот на најблиските. Беше во брак со Сузана, со која сподели години полни со љубов и поддршка, и се грижеше за децата Александар и Даниела, на кои им беше неизмерна поддршка и поткрепа.
Неговата харизма, неуморна работа и страста кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку сите оние што имаа привилегија да работат со него и преку сите оние до коишто допре.
Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени.
Нека почива во мир.“
Неколку месеци се лекувал од рак
Последните неколку месеци, Саша Поповиќ се лекувал од рак на позната клиника во Париз. Пејачката Чана открила дека доцна дознал за дијагнозата.
„Знаев дека ситуацијата е тешка и дека постојат мали шанси за поинаква разрешница“, изјавила Чана.
Се повлекол од јавноста минатата есен
Саша Поповиќ последен пат се појавил во јавност во октомври 2024 година. Претходното лето напорно работел на новата сезона и учествувал во селекцијата на кандидатите на аудициите ширум регионот, но потоа морал да се повлече. Додека се борел со опасната болест, колегите му приредиле изненадување и снимиле заедничко видео што му го испратиле, бидејќи не можеле да го посетат.
Поврзани објави
Последен пат се огласил на социјалните мрежи во 2020 година и тогаш се пожалил на стрес. Тогаш открил и дека се консултирал со стручно лице околу своето здравје.
Познатите се збогуваат со Саша Поповиќ
Колегите и други познати личности со потресни објави се збогуваат со Саша Поповиќ. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се скршени.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му испратил телеграма за сочувство на семејството Саша Поповиќ.
Љубовната приказна на Саша и Сузана
Бракот на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ важел за еден од најскладните, иако сопственикот на „Гранд“ отсекогаш бил опкружен со убави жени. Сепак, нивната љубов била посилна од тоа.
Гала-венчавката на Саша и Сузана се одржала во хотелот „Интерконтинентал“, а меѓу гостите имало голем број естрадни уметници. Лепа Брена му била кума на Поповиќ, а се зборувало дека највпечатливиот момент од свадбата бил оној кога младенците и кумата со прсти кинеле голем печен вол.
Исто така, се пишувало дека ова било една од највеселите естрадни свадби.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм / grandproductionmusic