Почетна Убавина и здравјеМеган Фокс излезе од „илегала“, и тоа бремена! (ФОТО) – Убавина и здравје

Меган Фокс излезе од „илегала“, и тоа бремена! (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Добре дојде назад!“

Холивудската актерка Меган Фокс (38) се повлече од јавноста, а откако ги избриша сите фотографии на Инстаграм, вчера (12.11) се врати на социјалната мрежа за да сподели важна вест.

Имено, таа и нејзиниот партнер Машин Ган Кели го очекуваат првото заедничко дете.

Актерката објави фотографија на која позира целосно гола, а телото, на кое веќе е видлив трудничкиот стомак, ѝ е прекриено со црна боја.

Актерката објави уште една фотографија со позитивен тест за бременост, покрај која напиша:

Ништо никогаш не е целосно загубено. Добре дојде назад“.

Инаку, Меган во една изјава за медиумите откри дека пред да ја раскине свршувачката со Машин Ган Кели, имала спонтан абортус и го загубила нероденото бебе.

Спонтаниот абортус беше многу трагичен за мене и долго време страдав и тагував“.

За потсетување, Меган веќе има три сина со претходниот сопруг Брајан Остин Грин, а Машин Ган Кели има ќерка од врската со поранешната девојка Ема Канон.

Фото: Инстаграм