Денеска, во координативен состанок во Владата, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го презентираа новото упатство за мерки и постапки кои треба да ги презема МВР при добивање на информации, дојави или свесност за терористички загрозувања. Според упатството, е направен план за мерки и активности кои ќе се спроведуваат. Министерството за образование и наука работи на упатство со мерки за директорите на сите училишта, кои ќе бидат задолжени да ги применуваат. На состанокот, каде присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, беше нагласено дека МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата. Мерките и активностите кои Министерството за образование и наука ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата, со цел да се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар. Во наредните денови, директорите на училиштата ќе бидат детално образложени за мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес, а родителите и јавноста ќе бидат благовремено известени.
МВР и МОН се договорија за мерки и упатства за зголемување на безбедноста во училиштата и непречено извршување на наставата.
86
претходен текст