Изјави дека ништо не и е тешко во врска со синот, и дека ужива во секој момент што го поминува со него.
„Го носев девет месеци, а ми личи на татко му“, вели Катарина Живковиќ (35) за својот наследник! Пејачката пред два дена го промовираше третиот студиски албум, на кој работеше две години и иако се породи пред само четири месеци, реши што поскоро да и го претстави на публиката.
По тој повод, Каќа организираше гала промоција за своите соработници, колеги и припадници на седмата сила.
На прашањето на кого личи нејзиниот наследник таа низ смеа рече:
Што да ви кажам? Го чекаш цел живот, го носиш девет месеци, го раѓаш, а тој нема ништо твое. Тој личи на неговиот татко, тој е буквално негова копија. Нека е жив, здрав и среќен, ништо друго не ми е важно“.
Поврзани објави
Како што откри самата пејачка, иако има несебична помош од сите членови на семејството, посебно од нејзината мајка, најсреќна е кога сама се грижи за својот малечок.
Почнувам да се плашам да не станам посесивна и себична мајка која не дозволува никој да прави ништо околу бебето бидејќи мисли дека никој не може да го направи тоа подобро од неа. Знам дека сите мајки ќе ме разберат, но верувам дека малку ќе се опуштам и со текот на времето ќе научам да ги делам грижата и обврските и доброволно да им ги давам на другите“ – рече Каќа.
Фото: printskrin Youtube/Republika TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: