Почетна Убавина и здравјеИзбери да бидеш неодолива! – Убавина и здравје

Избери да бидеш неодолива! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дали сте подготвени да ги дознаете тајните на беспрекорната шминка?

Посетителите на годинешната „Профемина“ имаа можност да научат како постигнат изглед како штотуку да излегле од салон за убавина – во рамките на студијата: Шминкај се како професионалец, поддржана од Pierre Cardin Cosmetics.

Имено, професионалниот шминкер Јован Кароски на присутните дами им ги откри триковите на врвните мајстори на својот занает.

Тој ја подготви својата моделка Сара за најлудата ноќ – пречек на Нова година!

Почнуваме со чистење на лицето со млекото за лице на Pierre Cardin Cosmetics.


Поврзани објави

Следува прајмер, кој се нанесува на целосно чиста кожа.

Коректорот е своевидна база, која обезбедува подобра подолога за сенката (подобро се нанесува на окото).

 

Гледам дека одлично ти оди сенчењето со сенките, па дали е до мајсторот или до брендот чии се сенките, праша водителката на конференцијата Јована Стојменовиќ, која постави и низа други прашања за постигнување совршена шминка.

Да не излезе дека се фалиме, но Pierre Cardin Cosmetics навистина имаат одлични производи, одговори Кароски.

По завршувањето на овој мастер-клас на Кароски, беше извлечена среќната добитничка на сет од најдобрите мејкап-сојузници, обезбеден од поддржувачот Pierre Cardin Cosmetics.