Почетна Убавина и здравје„Мајка ми полуде кога го слушна името на ќерка ми, сега сака да ја кртсам по неа!“

„Мајка ми полуде кога го слушна името на ќерка ми, сега сака да ја кртсам по неа!“

од nenad
2 минути читај за

Именувањето на детето не е лесна задача, бидејќи има бесконечен список на можни имиња. Некои родители можеби ќе сакаат да изберат име за бебе кое е класично и безвременско, додека други сакаат нешто уникатно. Во зависност од вашата семејна ситуација, можете дури и да изберете име што ќе му оддаде чест на некој што ви бил близок, кој можеби починал. Во секој случај, изборот не е лесен, но она за што сите се согласуваат е дека името на детето треба да го изберат исклучиво родителите, никој друг.

Сепак, една идна баба изгледа не може да се помири со тоа, бидејќи на својата бремена ќерка ѝ кажала дека е „навредена“ од името што таа и нејзиниот сопруг го избрале за својата ќерка.

Во објава на Редит, жената објаснила дека мајката на нејзиниот сопруг починала кога тој бил тинејџер, а за да ѝ оддадат чест, одлучиле ќерката да ја крстат по неа. Нејзиното име било Дијана, па иако им звучи старински, сепак одлучиле да го искористат како средно име.

Кога мајката на жената дознала за тоа, буквално збеснала и инсистирала дека и таа треба да биде почестена во името на девојчето, бидејќи се работи за „втората баба“. Сепак, жената има добра причина да не го користи името на својата мајка, бидејќи смета дека детето може да биде исмејувано поради него.


Поврзани објави

Проблемот е што мајка ми се вика Карен. Жал ми е што ќе биде повредена, но не можам да му го направам тоа на своето дете – објаснила таа.

Фото: Pexels/cottonbro studio

Корисниците на споменатата социјална мрежа се шокирани од реакцијата на нејзината мајка.

Испочитувајте ја неговата мајка која повеќе не е меѓу вас. Потоа потсетете ја вашата мајка дека таа е бабата која ќе ја познава, и ќе поминува време со детето. Тоа треба да значи многу повеќе одошто детето да го носи твоето име“, „Твојата мајка е себична. Овде не станува збор за именување на детето во чест на неговата баба, туку за почестување на некој што не е во вашиот живот, а кој бил многу важен за еден од родителите“, напишале тие, пренесува „Мирор“.

Фото: Pexels/cottonbro studio